Потпишан Меморандум за сорабтока помеѓу МТСП и ХЕРА

Сподели

 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА во делот на спроведување на активности кои се од заеднички интерес во унапредување на вработеноста и вработливоста на Ромките како маргинализирана група граѓанки.

 

 

„Целта на овој Меморандум е да се воспостави одржлива соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и Хера со што ќе го унапредиме Националниот оперативен план за вработување со мерките и услугите кои во согласност со потребите и капацитетите на целната група“, рече Тренчевска.

Министерката дополни дека зајакнувањето на капацитетите на стручните служби и административните работници се исто така вклучени во програмите за вработување за работа со Роми.

„Преку заеднички заложби ќе дизајнираме специфични мерки за вработување на Ромки и адаптирање на постоечките мерки во Оперативниот план за вработување во согласност со потребите и капацитетите на целната група во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Исто така ќе обезбедиме финансиски средства од Буџетот на РСМ и меѓународни донатори за успешна имплементација на мерките”, истакна Тренчевска.

Двете страни се согласија на плодна соработка која ќе придонесе до поголема еднаквост во правата на сите граѓани на државата.