Пожарот на Галичица се шири и кон Охрид

Сподели

Веќе десетина дена гори Галичица, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури.

Досега беше дејствувано со ангажирани воздухолови и хеликоптери, но гаснењето е отежнатхо бидејќи се работи на терен на голема надморска височина што дополнително го усложнува пристапот на воздухопловите.

На терен постојано се распоредени неколку десетини пожарникари, волонтери на Планинската служба за спасување, на Националниот парк „Галичица“, на Црвениот крст од Охрид.

На социјалните мрежи се споделува апел за масовно активно вклучување на граѓаните во справување со непогодата, преку дејствување што би го оневозможило ширењето на пламенот кон шумските појаси, кој веќе премина од страната на Охрид. 

Директорот на ЦУК, Ангелов, вчера ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал – тим за двата ПП авиони ,,ер трактор” од Кипар, коишто помогнаа до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија. Притоа искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивнста држава.

Ангелов, ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал – тим за двата ПП авиони ,,ер трактор” од Кипар, коишто помогнаа до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија. Притоа искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава.

И Мала Преспа се организира за гаснење на пожарот на Галичица, високо над селото Горна Горица на албанска територија. Македонската општина Пустец доби поддршка од корчанскиот округ.

https://www.facebook.com/pali.kolefski/videos/1268401751197558/?mibextid=oFDknk&rdid=xwgKdNtTDLKFYlcBhttps://www.facebook.com/pali.kolefski/videos/1268401751197558/?mibextid=oFDknk&rdid=xwgKdNtTDLKFYlcB

All reactions: