Пратеници предлагаат законски измени за да му се укине платата на Груевски

Сподели

Група пратеници до Собранието доставиле предлог измени на законот за пратеници со кои е предвидено да му се укине пратеничката плата на поранешниот премиер во бегство Никола Груевски.

Измените се ставени на дневен ред на денешната седница по скратена постапка, а се предложени од пратениците Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.. За да бидат усвоени  потребни се 61 пратеник да гласаа „за“.

Според предлог измените, ако пратеник е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од 6 месеци, пратеникот го губи правото на исплата на плата и на други лични примања и надоместоци за трошоци