Пред граѓаните се јасни понудите, членство во ЕУ со СДСМ и изолација со ДПМНЕ и Левица

Сподели

 

Појасна дистинкција помеѓу два политички блока во земјава не постои, јасни се понудите пред граѓаните, за и против членство во ЕУ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.

-Јас сум оптимист во однос на изборите бидејќи на крај на изборите се судруваат концепти. Ние во државата имаме многу јасно два концепти. Едниот е за европска интеграција на државата и другиот е за изолација на државата. Ние како владејачка коалиција нудиме и решенија, нудиме и план за државата, до 2030 година да станеме земја членка на ЕУ. Од другата страна немаме ниту план, ниту концепт, ниту алтернатива, рече Ковачевски.

СДСМ ќе формира Влада бидејќи добро мнозинство на граѓани сакаат држава која ќе биде членка на ЕУ, сакаат младите да живеат во државата, сакаат сигурност за сегашните и идните генерации и сакаат извесност во однос на политиките кои ќе ги има оваа држава, додава Ковачевски.

-Од друга страна имате неизвесност, немате понуда на алтернатива и како што самиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ кажува во наредните 100 години, можеби никогаш државата нема да биде членка на ЕУ. Појасна дистинкцијата меѓу 2 политички блока од таа изјава не постои, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.