Стопанската комора на Македонија денеска организира презентација на Предлог-буџетот за 2018 година пред бизнис заедницата.
На настанот, како што е најавено од Стопанската комора на Македонија, ќе присуствува министерот за финансии Драган Тевдовски кој ќе ги презентира проекциите во Предлог-буџетот и планираните макроекономски остварувања.
– Вклучувањето во процесот на консултации во фаза кога се креира буџетот, ќе овозможи бизнис заедницата да даде конкретни предлози кои ќе имаат развоен каратер, а ќе биде од големо значење и заради навремено запознавање на стопанствениците со предвидувањата за макроекономската политика за наредната година – велат од Стопанската комора на Македонија.