Владата ја разгледа и усвои Информацијата со предлог-мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик.
Предлог мерките опфаќаат 11 точки од особено значење за унапредувањето на состојбите на македонскиот јазик кои се однесуваат на основање на Фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети за отворање и одржување на лекторите по македонски јазик на странските универзитети во ЕУ. Овој фонд предвидува лекторатите да станат дел од Македонистичкиот центар на „Свети Кирил и Методиј“, како и основање на уште еден фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик од сите области.
За овие и останатите мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик, владата го задолжи Министерството за култура да ги спроведе сите активности предвидени со оваа иницијатива.