Предлогот за разрeшување на Зврлевски оди на Собрание

Сподели

 

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење на предлогот на Владата да се разреши Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Со мнозинство од 8 гласа „За“ и само еден против и тоа на претседателот Петар Аневски, Советот на јавни обвинители го поддржа барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

На седницата не присуствуваше Марко Зврлевски, но и членот Зоран Сулејманов. Зврлевски доставил мислење до Советот, но во моментот се формулира одговорот до Владата.

Барањето за мислење од Советот стаса минатата недела по одлуката на Владата да побара разрешување на Зврлевски.