Прекинато рочиштето за нападот врз Села -на еден од обвинетите му се слоши

Сподели

Денешното рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села е прекинато, откако на Александар Јаневски – Тошта, еден од обвинетите му се слоши и се онесвести, по донесувањето на одлуките.

Претходно, обвинителот Дарко Јакимовски рече дека се утврдени нови елементи со изнесувањето на новите докази на претходното рочиште, и затоа се предлага измена на обвинителниот акт.

Имено, се повлече обвиението против лицето Сашо Сенков, за кој се утврдило дека нема насилни испади во случајот со нападот на Села.

Обвинетите пак, Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ќе се гонат за насилство. Новите доказни материјали покажале дека во нивните дејствија не се содржани елементите на кривичното дело – обид за убиство.

Постапката против останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов, продолжува без измени во обвинителниот акт и тие се товарат за обид за убиство.