Премиера на документарниот филм “ПАТОТ НА ПРЕСТАПНИКОТ” во Кинотека

Сподели

 

Премиера на документарниот филм “ПАТОТ НА ПРЕСТАПНИКОТ” во Кинотека на 2 април.
 
Се работи за филм во кој преку влез во најдлабоките ќошиња од македонските затвори, се анализираат процесите кои водат до девијантно поведение на индивидуата. Во него, преку интервјуа со затворски работници и осудени лица се прави обид да се одговори на вечното прашање: дали човековото криминално однесување може да се поправи и дали ресоцијализацијата во затворите може да го постигне тоа?
Она што го разликува филмот од останатите е тоа што ова е вистински затворски филм кој допира до сржта на проблемите во македонските затвори. Работен е од двајца професионалци со триесетгодишно работно искуство во нив, а пласираните теми и заклучоците од филмот се одлично четиво за секој функционер кој сака да промени нешто во пенитенцијарниот систем.
Без гимики, без светла и шминки, филмот се базира на лични приказни на осудените лица и на професионални согледувања на вработените во затворите.
ПРЕМИЕРА: 2 април во Кинотека, со почеток во 18 часот. Времетраење на филмот: 31 минута. Влезот е бесплатен.