https://www.facebook.com/EhoDenoviNaPlaninskiFilmovi/videos/2647057341982778/
Премиерата на документарниот филм “ВИА ДИНАРИКА – МАКЕДОНСКАТА АВАНТУРА” кој оваа година, во конкуренција од 180 филмски дела на автори од 40 земји, е избран да го отвори 10. јубилејно издание на Ехо Фестивал на Планински Филм 2019, во кино Милениум, на 28. октомври..
Филмот следи четири лични авантуристички приказни испреплетени на Виа Динарика во Северна Македонија, поврзани меѓусебно преку нивната љубов кон природата, планините, традицијата и нивната страст да го споделат тоа со светот.
Мега патеката Виа Динарика се протега речиси 2000 километри долж Динаридите и ги поврзува Западните Балкански земји: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Албанија. Главна цел на овој коридор е подобрување на туризмот во овие држави со фокус на локалните заедници и нивниот одржлив развој. Виа Динарика е препознаена од повеќето влијателни медиуми во туризмот и наградена како една од најдобрите светски дестинации за 2017 година од Нешнал Џиографик, меѓу другите.
Здружението Mustseedonia – Above and Beyond, како имплементатор на потпроектот Виа Динарика Северна Македонија и дел од LRCP – Проект за локална и регионална конкурентност работи на развивање и промоција на Виа Динарика во Северна Македонија и како дел од активностите, во соработка со Diverse Film Production, е и продукцијата на овој документарен филм.
Екипа:
Продуценти – Александар Донев и Самир Љума
Директор на фотографија – Самир Љума
Монтажа – Андреј Ѓорѓиевски и Сергеј Георгиев
Камера и дрон – Андреј Ѓорѓиевски
Режисер – Сергеј Георгиев
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН
*На отварањето во кино Милениум во понеделник на 28.октомври, ќе биде задолжително да се подигне карта од билетарата на киното која не се наплаќа служи за нумерација. Препорачливо е да се дојде 15 минути пред проекцијата која почнува во 19 часот.