Во Македонскиот народен театар на 24 декември премиерно ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“, по мотивите на „God of Carnage“ од Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска.
Ова е седми проект на Македонскиот народен театар во оваа сезона.
Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa, како и децата од Актерската школа на Весна Петрушевска.
Преводот на текстот е на Рајна Кошка-Хот, како сценограф се потпишува Татјана Христоска, костимограф е Наталија Терзија, а сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери.
Изборот на музиката е на Весна Петрушевска, а автор на песната „Пепел и мрак“ е Игор Џамбазов.
Првата реприза е закажана за 25 декември.