Премиерот ќе се обрати на традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на отворањето на традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“, која од 1-ви до 10-ти август се одржува секоја година во Крушево по повод големиот национален празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден.

Манифестацијата во организација на Општина Крушево, ја илустрира нашата богата култура, отсликувајќи и пренесувајќи го историското наследство на градот, истовремено изразувајќи го мултиетничкиот живот и заедништвото на различностите, на граѓаните кои тука живеат.

Обраќањето на премиерот Ковачевски може да го проследите на следните линкови во 20:45 часот:

Линк до видео од обраќањето на премиерот Ковачевски на македонски јазик