Премиерот Ковачевски наместо 50, ќе има 12 советници

Сподели

 

“Во услови на криза, сите институции се должни рационално и одговорно да го трошат буџетот и да ги намалат трошоците. За оваа цел на владината седница донесовме конкретни мерки и одлуки”, изјави премиерот Ковачевски.
 
 
– До 21 март сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до МФ.
 
Се забранува започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата.
 
– За 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително.
 
Да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство.
 
Акционерските друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15%, најави премиерот.
 

Исто така, на седницата е донесена одлука за намалување на бројот на советници.

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека наместо 50, отсега ќе има 12 советници, а со тоа тој ќе има најмалку советници од сите претходни премиери.