Премиерот Мицкоски оствари средба со Амбасадорката Н.Е. Ангела Агелер

Сподели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата.

Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.

Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.