Прес центарот на ЦИВИЛ ќе биде отворен 18 часа непрекинато

Сподели

ЦИВИЛ ќе го отвори својот Изборен прес центар во 6:00 часот изутрина на 21 април (недела) во клуб Менада (Стара Чаршија, спроти Универзитетот ЈИЕ). Прес центарот ќе биде отворен до полноќ.

Прес центарот на ЦИВИЛ ќе прима извештаи од теренот, како и пријави за нерегуларности од граѓанките и граѓаните.

Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на медиумите во текот на целиот ден и вечерта. Прес конференции со извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ на терен, ќе се организираат во 10, 12:30, 17:45 и 19:30 часот. ЦИВИЛ ќе одржи и две панел дискусии во 20 часот и во 21:30 часот, со учество на членови на Координативниот тим на ЦИВИЛ, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, правната експертка Сандра Гавриловска и други реномирани имиња.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да доставуваат пријави, информации или да поставуваат прашања на онлајн формуларот www.slobodniizbori.infoФејсбук или по електронска пошта (civil@civil.org.mk) во секое време од денот и ноќта. Координативниот тим на ЦИВИЛ ќе се обиде да одговори на сите прашања или ќе ги објавува информациите кои ќе пристигнат на адреса на организацијата и сега и за време на денот на гласањето.

Исто така, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека објавува информации и извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и други информации важни за граѓанките и граѓаните на веб страниците www.civilmedia.mk на македонски и www.drejt.mk на албански јазик. Дополнително, ЦИВИЛ објавува содржини и на веб страницата www.civil.today на англиски јазик, како и на организациската веб страница www.civil.org.mk.