Претпремиера на претставата „Да живее Долна Дупка“ во Театар Комедија

Сподели

Утревечер во Театар Комедија, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Да живее Долна Дупка“. 

Во претставата, работена по текст и режија на Коле Ангеловски, играат Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Горан Ников.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Марија Ѓоргиевска, а музиката на Оливер Митковски и Андреја Ристевски.