Претседателот Пендаровски во посета на Државниот архив – Одделение Штип

Сподели

 

Во рамките на својата посета на Штип, претседателот, Стево Пендаровски го посети и Државниот архив – одделение Штип.

 

 

Тој беше запознат со условите, структурата и функционирањето на Архивот. Раководителот во Штип, Делчо Трајков на претседателот, Стево Пендаровски му презентира и повеќе ретки документи значајни за нашата историја што ги поседува подрачното одделение во Штип, како што се: две свидетелства потпишани од Гоце Делчев во училиштето во Ново Село, молба за упис на филозофскиот факултет на народниот херој, Ванчо Прќе, диплома на првиот лекар-хирург во Штип, документи за имот или тапии од Османлискиот период, како и првата радио вест за ослободувањето на градот Штип.

 

 

Инаку, одделението на Државниот архив во Штип располага со 523 фондови и 22 збирки значајни историски материјали и документи, од кои најстарите се од 1895 година.