Превентивни активности на МВР за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Сподели

 

Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Велес и Куманово во текот на вчерашниот ден, реализираа низа превентивни активности од области важни за локалната заедница и генерално од општ јавен интерес.

На подрачјето на СВР Скопје, односно во општина Сарај, беше реализирана превентивна активност од областа на заштитата од пожари, а во тесна соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција. Идентична активност беше реализирана и на подрачјето на СВР Битола, односно во Ресен, но од аспект на незаконската сеча на шумите.

На подрачјето пак, на СВР Велес фокусот на активности беше насочен кон сообраќајната безбедност, пред се на пешаците. На подрачјето на СВР Куманово, односно во Крива Паланка беше спроведена активност за превенција од имотни деликти со посебен нагласок на едукативно информирање на повозрасните категории граѓани за формите на имотни деликти и за неопходноста од благовремена комуникација со полицијата за побрзо расчистување на случаите.