Приказна за обичните луѓе – БЕСКОМПРОМИСЕН СТЕНД АП со Семир Гициќ во Скопје

Сподели

 

Бескомпромисен стенд-ап е монокомедија во изведба на актерот и драматург Семир Гициќ.

Темата на оваа стенд-ап комедија е „Малите работи коишто не врзуваат“, а посебен акцент е ставен на ситуациите во кои секојдневно живее обичниот човек.

 

Семир  Гициќ е автор на популарните комедии: „Чекајќи го министерот“ со Лидија Вукиќевиќ, „Внимавај со кого спиеш“ со Мирко Васиљевиќ, „Имаме дојава“, „Дежа ви“, „Пинокио за возрасни“, „Кој ви ја даде претставата“ и многу други.

Ивана Наскова е долгогодишен познат радио и тв водител.

 

Автор е на 4 книги: Романсата “Совршениот странец”, романите: „Вети ќе ме сакаш” и „Секогаш те одбирав тебе”  како и на трилерот “Сестра”. Повеќе од 10 години се бави со стендап во Македонија.
Двајцата заедно имаа комична стенд ап турнеја низ Македонија неколку дена пред да се затворат сите културни центри и театри поради короната во 2020 год.
Дефинитивно месецот Март ги спојува повторно, три години подоцна заедно на сцената  овојпат со настап во нашиот главен град-Скопје. 

Гициќ потекнува од уметничко семејство, а покрај Академијата за театарска и филмска уметност, отсек актерска игра, има завршено и музичко училиште, поточно на отсекот за хармоника.

-“Сите од семејството завршивме  музичко училиште. Го сакав клавирот, но задоцнив на упис, а другата опција беше хармоника. Би прифатил и улога во која би требало да свирам хармоника, ако сценариото е добро. Мојот чукун дедо (дедо по мајка) Назиф Ефендија Шушевиќ беше алхамијадо поет и калиграф. Помладиот брат Шабан е гитарист, а свири и саз (жичен музички народен инструмент од типот тамбури со ориентално потекло) и бузуки, како и чифтелија. Наскоро ќе се слушне за него, бидејќи е перспективен тип” – се гордее Семир.

 

Во својата досегашна кариера има глумено во бројни театарски претстави (за возрасни и деца), неколку серии, а во кино салите во Р.Србија и БИХ се прикажува  и филмот во кој игра и тој.

-“Важно ми е тоа што го пишувам да се изведува со добра екипа и да има времетраење и многу настапи. Се разбира, и улогата што ја играм да е оправдана. Не прифаќам секакви проекти бидејќи слободата и мирот не ги давам така лесно. Важно ми е да работам со  добри луѓе, професионалци и идејата да е квалитетна. Не ми требаат некои глупости кои ќе ме натераат да си го трошам времето и да ме разболат” – заклучува актерот.

Не интересираше  дали во денешно време е тешко да се привлече публика во театарот.

-“Тешко е, но времето работи за оние кои добро работат. Публиката е најдобрата реклама, бидејќи ако нешто ѝ се допадне или ја воодушеви, тогаш тоа задоволство од се срце им го препорачува на другите. Самата публика понекогаш се занесува и оди на нешто што им го расипува впечатокот за театарот. Недостигаат души насекаде, дури и во театарот, бидејќи недостигаат пари, но додека има живи актери, ќе има души, додека на ред не дојдат холограмските спектакли” – наведува Гициќ.

 

 

Го прашавме Семир колку е тешко да се насмеат другите и дали другите успеваат да го насмеат, на што тој на свој начин одговори:

-„Лесно е да се расплаче публиката затоа што штом спомнете пари сте на половина пат. И не е лесно да се смееш затоа што секој има свој доза хумор што му се допаѓа. Се обидувам да бидам универзален, така што темите што ги обработувам ќе бидат актуелни и за сто години. Мене ме прават да се смеам  реални ситуации, искрени, а најмногу апсурдни. Ми се допаѓа таков хумор, како и сцени во филм, серија или претстава, а најмногу ситуации во секојдневниот живот“.

Откако неколку пати ја изведе стенд ап комедијата пред различна публика, не интересираше дали забележа кои генерации се најзастапени во неа и дали темите што ги обработува се блиски до сите:

„Сите генерации. Зборувам со обичен човек, кој плаќа сметки, оди во пошта, банка, болница, но размислува логично, не сака едноставен хумор, не мрази никого и нема предрасуди. Темите се блиски до сите, бидејќи ситуациите или „типовите“ на луѓе што ги анализирам се нешто со кое често или барем еднаш се среќавале“. Односот со македонската публика е квалитетен, со голема почит искажана кон мене и од домаќините и од публиката , секако, знаат дека им возвраќам бескомпромисно и целосно срдечно и енергично“.

Го прашавме авторот каде наоѓа инспирација за темите што ги обработува и дали има тенденција да импровизира на сцената или се уште се држи до оригиналното сценарио, на што тој одговори вака:

-„Во претставите сакам импровизација, но во стендапот, каде што можеби и се очекува – ја избегнувам. Не сакам да ја кршам илузијата, бидејќи енергијата во салата ќе падне. Имам се под контрола и сакам публиката да има вечер за паметење, бидејќи се потрудила – купила билети навреме, одвоиле време и пари за претставата… Колку и да има луѓе, давам се од себе, никогаш не играм со „левата нога. 

На крајот, Семир ни кажа што можат да очекуваат нашите сограѓани од комедијата „Бескомпромисен стенд ап“ што ќе можат да ја гледаат понеделник 20 март  на сцената Салон 19,19 при Културно Информативниот Центар во Скопје и која мисла или впечаток, според него, ќе ја понесат со себе. по напуштањето на салата и враќањето во секојдневниот живот:

„Мажите и жените од Скопје и  Македонија можат да очекуваат час и половина квалитетно поминато време.  Не гарантирам хит или урнебесна комедија, најдобро и најпопуларно шоу или смеење до солзи. Ќе зборуваме за нас, обичните луѓе, ќе паметиме ситуации од детството, ситуации со мајките, на училиште, на улица, животни ситуации и предрасуди за човечките и нечовечките сорти…. Без политика, пцовки, вицеви, евтини метафори, пеење, танцување или какво било друго губење време. Скопје  е град сличен на мојот роден  Нови Пазар, многу ситуации ни се блиски. Посетив многу градови низ поранешна Југославија со „Бескомпромисен стенд ап“ и сега е на ред да се дружиме и во Македонија.

Првото шоу од 19 часот е веќе распродадено, ни велат од Продукцијата Златен Заб (со која Семир и Ивана работат успешно повеќе години) .
Има ште билети за втората претстава од 21 часот  на која како специјален гостин ќе настапи македонската актерка Изабела Пан, а билетите може да се купат онлајн на платформата на оваа продукција: www.zlatenzab.mk

Поканата е отворена, а авторот е подготвен да сподели со посетителите лични искуства кои се всушност универзални и колективни, како и самиот живот.