Приведен германски државјанин баран со меѓународна потерница

Сподели

 

Вчера во Скопје од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, во рамки на оперативната акција “Жетва”, лишен од слобода е П.Д.Р. (36) од Визбаден, Германија, кој бил баран по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога.

Лицето е лишено од слобода и предадено во ПСОН Аеродром за понатамошна постапка, информираат од МВР.