Лос Анџелес Лејкерс се најде во нови проблеми по сезоната во која нејзиниот тим со ѕвезди не се пласираше во плејофот.
Двајцата најголеми играчи, Леброн Џејмс и Расел Вестбрук, не се во добри односи, објавуваат американските медиуми кои пишуваат дека двајцата се сретнале на натпревар од Летната лига и не успеале да разменат ниту еден збор.
Тие меѓусебно се игнорираат, пишува Sports Illustrated и додава дека ова е најголемата вест од претсезонскиот натпревар на Лејкерси.
Не разговарале јавно меѓу себе. Можеби тоа значи нешто, можеби не значи ништо, а можеби значи сè“, пишува Јован Буха од Атлетик.
Да потсетиме, оваа информација доаѓа во момент кога Лејкерс и Бруклин Нетс интензивно преговараат за размена со центар на Расел Вестбрук.
Кајри Ирвинг би можел да замине во спротивна насока.
The post Проблеми во Лејкерс – Двете најголеми имиња не разговаат меѓусебно! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico