Со половина час доцнење претседателот на Собранието од претходниот состав, Трајко Вељаноски по тримесечна пауза го отвори продолжението на конститутивната седница.
Седницата почна на 30 декември, минатата година, а беше прекината бидејќи немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом.
На денешното продолжени на конститутивната седница, единствени две точки на дневен ред се изборот на членови на Комисијата за избори и именувања и избор на претседател на Собранието.
Новинарите седницата ја следат од прес-центарот во Собранието, затоа што во галеријата се присутни претставници на дипломатскиот кор.
И на овој настан се гледа како на шанса за продолжување на процесот за формирање влада по изборите на 11 декември минатата година, но таа шанса е неизвесна како поради големите разлики помеѓу двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.