Професионалните војници постари од 45 години бараат прераспределба во МВР

Сподели

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска  оствари работна средба со Независниот синдикат на професионалните војници на Република Македонија.

Тема на состанокот беше прераспределба на професионалните војници по навршување на 45 години од Министерството за одбрана во Министерството за внатрешни работи.

Претставниците од Независниот синдикат го образложија своето барање на министерот Спасовски. Тие се повикуваат на членот 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија, според кој професионалните војници со навршување на 45 години може да бидат прераспределени во други институции. Во конкретниот случај, од Независниот синдикат бараат превземање од Министерството за внатрешни работи (гранична полиција).

Министерот Спасовски, на преставниците на Синдикатот им одговори дека  нивното барање ќе го отвори на седница во Владата на Република Македонија.