Универзитетскиот професор Драги Рашковски е нов генерален секретар на Владата, потврдија од СДСМ за ТВ21.
Драги Рашковски е доктор на правни науки, доцент на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје и е вклучен од самите почетоци на спроведувањето на ЕКТС, како негов одговорен администратор.
Треба да се именува и заменик на Рашковски, кој ќе дојде од редовите на ДУИ. Најверојатно на оваа позиција ќе остане актуелниот заменик Тахир Хани. Денеска,се разговара и за смени на раководните позиции во вториот и третиот ешалон.