Советот на општина Тетово, прогласи тридневна жалост заради трагичната несреќа во домот на семејството Зулбехари, во која во пожар загинаа мајката Фатима и нејзините 4 деца.
Четири деца на возраст од 5 до 14 години и нивната мајка Фатима Зулбехари загинаа вчера во пожарот што го зафати нивниот дом на улицата Гоце Делчев во Тетово.
Денешниот ден и наредните два од викендот, се прогласени за ден на жалост.