Доколку ги рангираме и разгледуваме најздравите навики, коишто може да ги поседува модерниот човек, која би била на прво место? Во дигитално доба со намален фокус и примање на информации, најздравата навика на човекот дефинитивно би требало да биде токму читањето. Но зошто само модерниот? Читањето е и би требало да биде бeзвременска навика во секоја претстојна година, декада, век. Главната причина? Читањето нѐ прави луѓе.
Можеби најочекуваната културна манифестација во земјата, чија главна цел е славење на убавината на пишаниот збор, а и создавањето на бесконечен број на светови со моќта на јазикот, – и тоа од страна на голем број домашни, а и странски автори, е секако Саемот на Книга.
Организаторот, Скопски Саем, најавува богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи, а се очекува бројот на посетители да се искачи и до 30.000, како пред пандемичниот период. Цената на редовна влезница ќе изнесува 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влезот на Арена – Борис Трајковски, но секако, – и за сите љубители на дигиталните услуги, сите заинтересирани ќе можат да ги набават своите билети за саемот и онлајн преку Karti.com.mk: https://www.karti.com.mk/saem-na-kniga-2023.nspx
Во рамките на неколкудневната програма, се очекува присуство на голем број интересни домашни и странски автори, со промоција на нови книги во официјалниот Промотивен центар во Арената, а секако и на штандовите на издавачите се најавуваат едукативни работилници и цртање за најмладите посетители, како и средби со автори и потпишување книги.
Една од главните цели на годинешното јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книга е одбележување на важноста за зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, како главен идентитет на народот, а за истото, програмата на Саемот ќе се фокусира и на активност и програма која ги слави познатите легенди, кои имаат оставено значителен печат во македонската книжевност. На 5 мај, во петок, во 12:00 ч. ќе биде организирана трибина во организација на Македонската асоцијација на издавачи по повод Денот на македонскиот јазик.
Саемот на книга 2023 ќе трае од 4ти до 10ти мај 2023 година, во Арена – Борис Трајковски во Скопје, секој ден од 10:00 до 20:00 часот, а на 10.05.2023 година, саемот ќе биде отворен сѐ до 18:00 часот.
Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура.
ПРОГРАМА НА ПРОМОЦИИ НА ШТАНДОВИ НА ИЗДАВАЧКИ КУЌИ
Четврток, 04 мај 2023
11.00 – 12.00 ч. – Сликни се со Стела и Сани (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
14.00 ч. – Потпишување со Агрон Усеини (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
15.00 ч. – Потпишување со Катерина Ангелеска (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
16.00 – 18.00 ч. – Јован Илиески (Организатор: Антолог)
16.00 – 18.00 ч. – Маша Тодевска (Организатор: Антолог)
17.30 ч. – Настан со илустраторите на Арс Ламина (Наталија Лукомска, Иванка Ниба, Јована Велинова-Трајанова, Калиопи Трпчева) (Организатор: Арс Ламина / Литература)
19.00 ч. – Книжевна забава (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
Петок, 05 мај 2023
11.00 – 12.00 ч. – Цртаме со Наталија Лукомска (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
12.00 ч.- Потпишување со Ана Јовковска (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
14.00 ч. – Работилница за јазикот со Виолета Танчева-Златева (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
16.00 ч. – Потпишување со Јагода Михајловска-Георгиева (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
16.00 – 18.00 ч. – Елена Филиповска (Организатор: Антолог)
16.00 – 18.00 ч. – Жарко Кујунџиски (Организатор: Антолог)
17.00 ч. – Потпишување со Винка Саздова (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
17.00 ч. – Ана Антовска и Оља Петрушевска Томева (Организатор: Сакам Книги)
18.00 ч. – Доделување награди „Ванѓа Чашуле“(Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
19.00 ч. – Книжевна забава (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
Сабота, 06 мај 2023
12.00 ч. – Промоција на „Лажливиот живот на возрасните“ од Елена Феранте
Весна Мојсова-Чепишевска и Радица Никодиновска (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
12.00 – 15.00 ч. – Верица Митева и Саша Богдан (Организатор: Сакам Книги)
12.00 – 14.00 ч. – Евгенија Веровска (Организатор: Муза паблишер)
13.00 ч. – Промоција на новата книга од Д-р Митов (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
13.00 ч. – Потпишување на „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ – добитник на наградата Роман на годината за 2022 (Организатор: Арс Ламина / Литература)
13.00 – 13.45 ч. – Промоција на книгата „Мона“ од чешката авторка Бјанка Белова, таа ќе биде гостинка на промоцијата, на саемот и на штандот. Промотор на изданието ќе биде проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска. (Организатор: Славика Либрис)
13.00 ч. Денис Јанкуловски (Организатор: Прозарт медиа)
14.00 ч. – Свирка и потпишување со Игор Џамбазов (Организатор: Издавачки центар Три / Паблишер)
15.00 ч. Верица Ацеска (Организатор: Прозарт медиа)
15.00 ч. Саша Станишиќ (Организатор: Прозарт медиа)
16.00 ч. – Јордан Коцевски (Организатор: Антолог)
17.00 ч. – Катерина Шошко (Организатор: Антолог)
17.00 ч. – Гушни се со Стела и Сани (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
17.00 ч. – Далибор Трајков (Организатор: Сакам Книги)
18.00 ч. – Потпишување на новиот роман „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова (Организатор: Арс Ламина / Литература)
19.00 ч. – Книжевна забава (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
Недела, 07 мај 2023
11.00 – 12.00 ч. – Читаме со Бистра Георгиева (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
12.00 ч. – Промоција на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски
со Венко Андоновски (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
12.00 – 15.00 ч. – Крис Картер (Организатор: Сакам Книги)
12.00 – 14.00 ч. – Игор Станојоски (Организатор: Муза паблишер)
13.00 ч. – Театарска изведба (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
13.00 ч. Пијан Славеј (Организатор: Прозарт медиа)
14.00 ч. Александар Прокопиев (Организатор: Прозарт медиа)
15.00 ч. – Потпишување со Симона Петреска (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
16.00 – 18.00 ч. – Орде Ѓорѓиоски (Организатор: Антолог)
16.00 – 18.00 ч. – Дарко Симуновски (Организатор: Антолог)
17.00 ч. – Гушни се со Стела и Сани (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
19.00 ч. – Книжевна забава (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
Понеделник, 08 мај 2023
11.00 – 12.00 ч. – Сликни се со Стела и Сани (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
12.00 ч. – Разговор со Васил Мукаетов (Организатор: Арс Ламина / Литература)
13.00 ч. – Потпишување со Ана Аврамовска (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
16.00 – 18.00 ч. – Владимир Јанковски (Организатор: Антолог)
17.00 ч. – Промоција на Румена Бужаровска и потпишување (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
18.00 ч. – Книжевна забава (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
Вторник, 09 мај 2023
11.00 – 12.00 ч. – На цел глас со Стела и Сани (театарска изведба) (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
12.00 ч. – Потпишување со Станислав Петковски-Сашо (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
12.00 ч. – Промоција на три нови книги од Велко Неделковски „Прегрнати книги“ (Организатор: Арс Ламина / Литература)
16.00 – 18.00 ч. – Анде Јанков (Организатор: Антолог)
17.00 ч. – Промоција на „Часови по измама“ и потпишување со Наташа Сарџоска (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
18.00 ч. – Потпишување со Виолета Танчева-Златева и Вања Изова (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
19.00 ч. – Забавна свирка (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
Среда, 10 мај 2023
- . – Презентација на проектот MEPD (Организатор: Антолог)
*** Секој ден (четврток, 04 мај 2023 – среда, 10 мај 2023)
На штандот на Полица, секој ден, како книжар и автор ќе биде присутен Петар Андоновски кој премина во ИК ПОЛИЦА. Неговите три наслови:
– Очи со боја на чевли,
– Телото во кое што треба да се живее (роман на година) и
– Страв од варвари (Европска награда) се реиздадени во ИК Полица и ќе бидат изложени на штандот.