Вчера во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше промовирано делото „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова“ од авторите Георги Ајановски и Доне Донев.
Во делото опишан е животот на македонската револуционерка Малина Попиванова, позната како Елена Галкина Краснаја по потекло од Кочани којашто својата младост ја посветила за слободата на својот народ.
Промотор на книгата беше проф. д-р Виолета Ачкоска, а извадоци од истата презентираше актерот Страшко Милошевски.
Промоцијата ја водеше Кристина Атанасова Арсова.