На 26 мај, во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак.
По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ „М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување на случајот.
