Противпожарна служба на Грција: 25 исчезнати, 91 погинати во катастрофалните пожари

Сподели

Противпожарната служба на Грција вечерва го соопшти официјалниот број на исчезнати лица во катастрофалните пожари што во понеделникот го зафатија источниот дел на областа Атика.

Вкупно 25 лица се водат за исчезнати, а 91 лице го загубија животот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Од процесот на проверка на податоците произлегува дека се исчезнати 25 лица кои официјално беа пријавени во нашата служба, од страна на нивните роднини, по кои продолжуваат потрагите.

Дирекцијата за кривични истраги до сега ја заврши идентификацијата на 59 тела додека треба да бидат идентификувани уште 28 тела. Според Националниот центар за здравство, на повредите им подлегнаа 4 лица кои беа хоспитализирани во болницитте во Атика – соопшти портпаролката на противпожарната слуќба на Грција, Ставрула Малири.