Прв смртен случај од коронавирус во државава

Сподели

 

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филпче објави за првиот смртен случај од корона вирус на 57 годишна жена од Куманово.

Пациентката била два пати тестирана и двата теста покажале негативен резултат. Таа била изолирана минатата седмица во Општата болница во Куманово, а брис е земен од веќепочинатата жена во текот на вчерашниот ден и тој се покажал како позитивен на корона вирусот.

Заедно со пациентката е хоспитализиран и нејзиониот син, два дена после нејзината хоспитализација на кој вчера му се влошила нагло здравствената состојба и тој бил префрлен прво во Клиниката за пулмологија за потоа да го третираат на Инфективната клиника. Сегашната негова состојба е стабилна.