Прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни “УЛАФ СТЕ?”

Сподели

 

ARE YOU CRAZY? / УЛАФ СТЕ? Центар за култура Битола
 
Прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност.
 
Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми.
 
Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива група.
 
Автор / Режија Јован Ристовски
Костимограф Марта Дојчиновска
Сценограф Стефан Малбашиќ
Драматург Билјана Крајчевска / Весна Куслеска
 
Толкувач на знаковен јазик Катерина Шаркоска
асс. Елизабета Георгиева
Соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов
 
Играат: Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска, Никола Пројчевски,
Дизајн на плакат Димитар Ристовски
 
Предпремиера :14 јуни,среда во 20 ч. Цена на билет 200 денари.
 
Премиера: 16 јуни, петок во 20 часот цена на билет 250 денари .
 
Картите се купуваат на билетарата на Центар за култура, Битолa,а бројот на посетители е ограничен.
 
Поддржано од Embassy of Switzerland in North Macedonia
Пријатели на АТО: Улаф Сте Coffe shop