Планинарската група „Олимпус Монс“, по 12 пат, на 1 јануари ја организира турата со симболично име „Први на први“, кога вљубениците во планината ќе имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата Година на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.
Зборното место на планинарите е Инфоцентар на НП Пелистер, на 1350 метри надморска височина, а потоа патеката на движење продолжува преку Цапарска Пресека, Широка, до крајната цел, врвот Пелистер на 2601 мнв.
Оваа патека е со вкупна должина од 14 километри, висинската разлика е 1251 метар, а просечен наклон од 8.93%
Поаѓањето е во 00:01 часот на 1 јануари, 2023 година, а очекувано време за пристигање на врвот Пелистер е 05:00 часот.
Во 07:30 утрото е планирано време за враќање, а групата треба да слезе назад до Инфоцентарот на НП Пелистер од 12:00 до 12:30 часот.