Двајца непознати напаѓачи отвориле оган и раниле три лица пред железничката станица во Киев, јавуваат украинските медиуми.
Портпаролката на киевската полиција, Оксана Блишик, на својата страница на „Фејсбук“ објави фотографии од местото на настанот.
„Пукање се случило пред железничката станица, а припадниците на полицијата во моментов вршат увид. Двајцата напаѓачи, најверојатно, пукајќи од огнено оружје раниле тројца мажро. Според првичните лекарски информации, мажите добиле прострелни рани на рацете и на нозете и се згрижени во болница. Напаѓачите се во бегство“, соопшти Бишник на „Фејсбук“.
Засега не се познати мотивите за нападот.