Пуштен во употреба мега проектот Паркинг над Бит пазар со 220 паркинг места

Сподели

 

Градоначалникот на Чаир и кандидатот на ДУИ за следните 4 години, Висар Ганиу, денеска го пушти во употреба мега проектот – Паркинг над Бит пазар со капацитет од 220 паркинг места.

 

 

Во присуство на трговците и многу граѓани, Ганиу рече дека овој голем проект ги демантира сите оние кои велат дека Чаир не го решил проблемот со паркирањето.

„На Бит пазар, по реновирањето и модернизацијата, му се додаваат 220 паркинг места. Во Чаир до денес создадовме вкупно 1.450 паркинг места. Ова е нов момент, добра вест и објавување на нашата желба и амбиција да продолжиме да отвораме многу нови паркинзи кои се дел од нашиот план“, рече Ганиу.

 

Градоначалникот Висар Ганиу додаде дека овој паркинг има посебно значење за Бит пазар и старата чаршија, бидејќи отвора можности за поголема циркулација, ослободување на патишта и тротоари околу Бит пазар и населбата Дуќанџик, како и поголема посетеност на Скопската чаршија, што несомнено ќе донесе материјални и деловни придобивки за чаршијата и за Бит пазар.

 

 

„Во однос на големината на општината, по глава на жител, ние сме веројатно најнаселената општина во Европа, но тврдиме дека сме првата општина по бројот на паркинг места на стариот континент. Бит Пазар е слика на невозможен опстанок, слика на вековната пот за Албанецот, да преживее и да дојде во овие добри денови. Бит Пазари е нашето постоење“, изјави првиот човек на Чаир, Висар Ганиу.

Директорот на ‘Бит Пазар’ Агим Рушити рече дека овој паркинг значително ќе го регулира сообраќајот, ќе спречи блокирање на патиштата од паркираните автомобили на фреквентните улици на Бит пазар и Чаршијата, и на крај ќе го зголеми и бројот на посетители и купувачи.

Со овој мега проект, градоначалникот на Чаир го комплетира својот 4-годишен мандат со 1450 нови паркинг места низ општината, додека за следниот мандат ќе изгради плус 3000 нови, врз основа на договорот со светски познатата компанија Мабетекс на Беџет Пацоли, кој ќе инвестира на 12 локации, катни гаражи, со вредност од над 50 милиони евра.