Путин му ја честиташе победата на Бајден

Сподели

 

Откако Електорскиот колеџ формално го потврди изборот на Џо Бајден на претседателската функција во САД, на победникот му честиташе и рускиот претседател Владимир Путин. Тој е подготвен за воспоставување контакти, пренесува Дојче веле.

Рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе на Џо Бајден изборот за претседател на САД. Кремљ досега инсистираше на сочекување на официјалниот резултат. „Подготвен сум за разговор и контакт со него”, изјави Путин за новинската агенција Ројтерс, посакувајќи му на Бајден „секаков успех”. Путин е уверен дека САД и Русија, „без оглед на постоењето разлики”, можат да помогнат во решавањето на бројни проблеми и предизвици во светот.

DW