Од вчера, 21 мај, се до 27 мај, во Суводол кај Демир Хисар, во тек се 6 работилници наменети за агро секторот и компаниите произовидтели на храна, со поддршка од Бирото за регионален развој, при Министерството за локална самоуправа.
Работилницата е во организација на Еколошко тодруштво БИГЛА од Демир Хисар.
Опфатени се голем број на теми кои ги засегаат земјоделците и компаниите кои произведуваат разни типови на прехрамбени производи.
Климатските промени, мерки за справување, одржливо земјоделство, енергетска ефикасност, зелени бизниси, циркуларна економија, разработка на бизнис модели, инвестиции, грантови шеми, кредитирања.
Комплексноста на обуките ги дава сите одговори на сите прашања на производителите и ќе помогне во подигање на квалитетот, технолошкиот развој и препознавање на се иновации во секторот, со комплетно разработување и елаборирање како да се реализраат потребите и визијата кон највисоките стандарди и минимизирање на загубите и штетите, менаџирањето со ризиците и креирање на капацитет за искористување на програмите и моќностите кои се на располагање за овие производители.
-Подобрувањето на квалитетот на живеење во подрачјата со специјални развојни потреби во Пелагонискиот плански регион, преку јакнењена свеста кај населението за заштита на животната средина и отпорноста кон климатските промени, се од суштествено значење за унапредувањето на производството на еколошки здрава храна, велат организаторите.
Веле Митаноски