Четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска ќе се сретнат за да ги усогласат законските измени што претходно ги договорија со последниот анекс на Договорот од Пржино.
Работните групи на партиите ќе треба да ги усогласат измените во законите за влада, за медиуми, како и во законот за министерството за внатрешни работи.
Потоа овие законски измени ќе треба да бидат изгласани во Собранието. Се очекува работните групи да се сретнат попладнево.