Ракометниот клуб Вардар е новиот европски првак

Сподели

Историјата се повторува, Ракометниот клуб Вардар е новиот европски првак, новиот владетел на Стариот Континент, по победата од 27: 24 (16:11) во финалето на Ф4 во Келн, на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите.

Вардар повторно ја радува Македонија, се повтори 2017 година, црвено-црните се најдобри во Европа. Ракометарите на Роберто Парондо се посилни од сите проблеми, тие се вистински херои. Во финалето го надиграа Веспрем, водеа во текот на целиот меч и сосема заслужено му се радуваат на нов голем, огромен успех.

Во Ленксес арената во Келн  вардарци беа бодрени  од околу 1000 Македонци.