Секторот за внатрешни работи Тетово, целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знаме на Република Северна Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.
Во текот на вчерашниот ден, во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик.