Распаднати тела од кучиња во отворена дупка близу депонија Шапкар

Сподели

 

Распаднати тела од кучиња и друг отпад во отворена дупка близу депонија Шапкар – ова ли се ЕУ стандарди кои им ги продавате на граѓаните, ваков ли е хуманиот третман на кучињата во ЈП Лана?
 
На територија кај село Сачево каде наводно хумано се третираат кучиња од 5 општини: Струмица, Демир Капија, Ѓевгелија, Велес, Валандово ; на локација која е тешко пристапна, скриена од сите , покрај моралната катастрофа – за убиство на животни чија благосостојба треба да е гарантирана со закон- се случува еколошка катастрофа опасна по сите жители во реонот Доброшинци каде ЈП Лана ги носи мртвите лешеви, дувло на болести и зарази.
 
Прашуваме, ова ли се вдомените кучиња од ЈП Лана, кои како такви фигурираат во некви си смешни извештаи на претпријатието, како бројки?
Бараме итно постапување од Агенцијата за храна и ветеринарство , темелна истрага и затворање на стацинарот се додека не се овозможат сите услови за хуман третман на животните, обезбеди задолжителен влез на струмичките активисти, казнат општините и сите одговорни и инволвирани за убивањето на животните, градоначалниците на општините кои ги наведовме во кои гледаме наредбодавци.
 
Бараме итен инспекциски надзор Министерството за животна средина, Државниот испекторат за животна средина , наодите да се соопштат јавно, а сторителите казнат.
 
Животните се безгласни жртви на овој воспоставен/ уигран систем и ќе бидат се додека се молчи! Го поддржуваме протестот на струмичките активисти Animal Lovers – Strumica , а сите засегнати хумани граѓани ги повикуваме на протест.