Распишани претседателските избори во Србија

Сподели

 

Претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ, денеска ги распиша изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 3 април, заедно со вонредните парламентарни и локални избори.

Рокот за поднесување листи за парламентарните избори и кандидати за претседателските избори е до 12 март на полноќ.

Во согласност со Уставот и законите, претседателските избори се распишуваат 90 дена пред истекот на мандатот на претседателот.

“Одлуката стапува во сила со објавување во Службен весник, што значи дека веднаш ќе започнат изборните активности. Ќе потсетам дека партиите и другите предлагачи имаат право да ги предложат своите кандидати до 12 март на полноќ, а тоа важи и за другите избори, годинава е усогласен рокот за поднесување листи за парламентарни и претседателски избори”, кажа Дачиќ.