Расправа за предлог-ребалансoт на буџетот без опозиција

Сподели

50306_banner_700x330

Расправата за предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година почнува денеска на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Намалување на вкупните приходи за три милијарди денари и зголемување на дефицитот од 2,1 милијарди денари се предвидува во предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година.

Сумата предвидена за капитални инвестиции се намалува од предвидените 412 милиони евра на 366,9 милиони евра.

Од друга страна, пак, предвидено е зголемување на средствата за плати и за надоместоци од 423 милиони евра на 431 милион евра, како и на средствата за социјални трансфери од  1,427 милијарди евра на 1,454 милијарди евра.

Со предлог-ребалансот за буџетот кај поголемиот дел од државните институции има намалување на средствата од буџетската каса, но тоа не е случај со Уставниот суд, Министерството за внатрешни работи, како и со Агенцијата за разузнавање.

Расправата за предлог-ребалансот на буџетот е без присуство на пратеници од опозицијата.

meta,mk