Расправата за двојното убиство одложена за 4 септември

Сподели

Главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежов, во согласност со странките е насрочена за 4 септември во 10 часот, информираат од Кривичен суд-Скопје.

Како што претходно информиравме, расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство кои го известија судот дека:

Имајќи предвид дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично – правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје, согласно чл. 28 од ЗКП ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки”, соопштија од судот.