Распуштена каталонската влада: Шпанија официјално воведе принудна управа во Каталонија

Сподели

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој ја распушти владата на регионот Каталонија, откако регионалниот парламент прогласи Каталонска република, односно независност од Шпанија, јавија светските медиуми.

Парламентот на Каталонија исто така е распуштен, според гласањето на Сенатот на Шпанија, кој изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги одзеде овластувањата на сепаратистичките водачи на Каталонија.

Пучдемон и 12 членови на неговиот кабинет нема веќе да примаат плата од државниот буџет и можат да бидат обвинети за узурпирање узурпирање на туѓи функции ако одбијат да се повлечат.

Активирањето на членот 155 од шпанскиот устав значи принудна управа на Каталонија, односно централната власт ја презема контролата над каталонската влада, полиција, финансиите, државните медиуми и комуникацијата до државните избори.

Парламентот е распуштен, а новите избори ќе се одржат на 21 декември, рече премиерот на Шпанија.
Централната влада ќе го преземе управувањето со регионот поради, како што рече Рахој, „враќање на нормалното“.