Ратификација на Сенатот во САД за членство на Македонија во НАТО

Сподели

 

Сенатот на Соединетите американски држави денеска го ратификуваше Протоколот за пристап на земјава во НАТО алијансата. Со тоа, преостанува ратификацијата да се заврши уште во четири членки на Сојузот за на крајот целата процедура да заврши со потпишување на Вашингтонскиот договор во Собранието на Северна Македонија.

 

 

Гласањето во Сенатот на САД заврши со 92 гласа „за“ и два „против“.

Амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мери Брнз веднаш по гласањето на својот официјален твитер профил напиша дека е многу задоволна од огромната поддршка во Сенатот на САД при ратификацијата на протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО.

– Ова е резултат на многу макотрпна работа и посветеност да се инвестира во иднината. Со нетрпение очекувам да продолжиме да го развиваме и продлабочуваме партнерството на нашите земји, додаде амбасадорката Брнз.

На официјалната Фејсбук страница на Амбасадата на САД исто така беше објавен пост во кој се вели дека „Сенатот на САД штотуку го изгласа Протоколот за прием во НАТО на Северна Македонија со огромно мнозинство. Честитки до земјата за сиот напор и макотрпна работа за да стигне до овој момент. Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде во блиска иднина како 30 членка на НАТО“.