Во собраниска процедура влегува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.
Комисијата за избори и именувања до Собранието ќе ја достави одлуката, по што ќе се закаже пленарна собраниска седница, а ако овој предлог биде прифатен и од Собранието, Советот на јавни обвинители ќе треба само да ја потврди одлуката.
Во меѓувреме, сеуште трае собраниската расправа и меѓупартиските разговори за предлог-законот за јавно обвинителство, со кој СЈО ќе се интегрира во редовното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.