Можевме да очекуваме се во ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, но не и што навистина се случи.
Двојките беа извлечени двапати, бидејќи првиот пат заврши со неправилности, а бидејќи подоцна беа извлечени сосема различни парови, нормално е да има и „оштетени“ и оние кои се благодарни за повторувањето.
Реал Мадрид секако немаше среќа бидејќи првично требаше да игра против Бенфика, а повторната ждрепка ги поврза со Пари Сен Жермен.
Разликата меѓу двата противници е јасна, а Реал повторувањето на ждрепката го нарече скандалозно.
– Лага е дека се работи за софтверска грешка. Тоа беше човечка грешка. Нашата ждрепка со Бенфика во се беше легална – ги пренесе ЕСПН зборовите на изворот од Реал.
Од целата ситуација незадоволен е и Емилио Бутрагењо, легендарниот фудбалер на Реал Мадрид.
– Беше изненадувачки, тажно и многу тешко за разбирање, со оглед на тоа што ждрепката ја чекаа милиони навивачи, но и целиот спортски свет – изјави Бутрагењо за Марка.
Може да се дискутира дали Реал е навистина оштетен, бидејќи ждрепката се повтори за сите екипи, но факт е дека парот Реал – Бенфика беше извлечен пред цел циркус со топчињата.
Канеда СЕР, радио станица од Шпанија, пренесува дека Реал подготвил официјална жалба и дека дури е можно мадриѓаните да побараат од Александар Чеферин да се одржи ждрепката по трет пат.
The post Реал Мадрид до УЕФА – Сакаме и трета ждрепка! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico