Речиси 3 милиони сириски деца на возраст до пет години живеат во војна

Сподели

sirija

ЖЕНЕВА (АА) – Повеќе од три милиони сириски деца на возраст под пет години живеат во судири или никако не живееле во нормални услови, се наведува во извештајот на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) направи извештај за хуманитарните потреби во Сирија за 2017 година.

Во извештајот стои дека 2,9 милиони сириски деца на возраст до пет години живеат во војна. Се истакнува дека единствена работа која тие деца треба да ја научат во животот е судирот. Извештајот предупредува дека војната ја уништува надежта на младите генерации во Сирија и дека психичкото здравје на децата е на многу загрижувачко ниво.

Во земјата во која седум милиони деца живеат во сиромаштија, 1,75 милиони деца нема да можат да продолжат со школување, а 1,4 милиони можеби ќе бидат присилени да прекинат со школување бидејќи секое трето училиште во земјата е срушено.

Од 13,5 милиони лица кои имаат потреба за хуманитарна помош, 5,8 милиони се деца. Милион лица во Сирија се под блокада, а 3,9 милиони живеат во подрачјата до кои е тешко да се дојде. Во извештајот се наведува дека 6,3 милиони Сиријци се интерно раселени.

Исто така, се истакнува дека од почетокот на војната во Сирија 50 отсто од жителите се принудени да го напуштат местото на престој. Само во Турција престојуваат 2,8 милиони Сиријци.

„ Секој месец поради судири 30 илјади лица поминуваат низ разни облици на психоза ”, се наведува воизвештајот на OCHA.

Од 2011 година, кога започна војната, во Сирија загинаа 770 здравствени работници и 147 хуманитарци.