Министерството за здравство согласно своите приоритетни задачи за унапредување на здравственета заштита на децата со попреченост, дава целосна поддршка за реформирање и отворање на нови здравствени центри за рана интервенција во кои од најраната возраст ќе се следи развојот на децата кај кои постојат и најмали индикации за постоење на болести поврзани со попреченоста на децата и конкретно со аутистичкиот спектар на нарушувања. Потребно е да бидат отворени неколку Центри за рана интервенција за деца со попреченост и поддршка и нивните семејствата. Со намера за обезбедување на средства за отворање на ваквите центри за рана интервенција се обрати до претставништвото на ЕУ во Скопје со првична намера за обезбедување на средства за изработка на физибилити студија преку механизмот на Европската унија (EU Integration facility (EUIF).
Министерството за здравство во изминатиот период во рамките на отворената соработка со граѓанскиот сектор а на барање на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ од Скопје излезе во пресрет, им даде поддршка и им овозможи користење на дел од неискористениот простор на ЈЗУ во Здравствениот дом Скопје, во Општата болница во Охрид, во Специјалната болница Св.Еразмо и во Клиничката болница во Тетово за отворање на центри за давање на широк спектар на услуги кои можат да им помогнат на децата на кои имаат задоцнување во развојот или специфични здравствени состојби. Во овие центари е овозможено давање на потребна поддршка на децата од различни видови професионалци на околу 200 деца (без центарот во Тетово кој сеуште не ги примил своите корисници) во кои ќе им се помогне да го достигнат максималното можно развојно ниво со што им се зголемуваат шансите за успех во подоцнежните години. Како карактеристично мора да се напомене дека покрај вообичаената форма, за прв пат центарот во Тетово ќе се карактеризира со дополнителна форма на Мултиетнички центар за третмнан на деца со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром. Отворањето на овие центри е во рамките на промоцијата на развојната соработка во областа на социјалната структура на децата и младите со попреченост по иницијатива и соработка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје која преку граѓанскиот сектор најде начин како да го финансира реновирањето и опремувањето на дел од наведните центри како и финансирањето на годишните третмани за деца од ранливи категории со аутисични нарушувања од социјално ранливи семејства.
Покрај планирање на овие активности, Министерството за здравство и понатаму ќе вложува напор за подигање на свеста на здравствените работници и за зајанување на капацитетите на јавно здравствените установи како одговор на потребите на лицата со попреченост.
Главната цел на овие центри е да се занимаваат со обезбедување на превентивни прегледи на новороденчиња и доенчиња, превентивни дијагностички процедури за рано откривање, и нивно навремено и соодветно лекување. Сето ова има за цел да го зачува и подобри здравјето на детето, да го спречи заболувањето како и појавата на нивните развојни нарушувања.
Во работењето во овие центри треба да се промовира Трансдисциплинарниот пристап во работењето со деца со попреченост и нивните семејства, од причина што во нашата земја до сега не бил дел од праксата во доменот на раната интрвенција како пристап е базиран на тимска работа помеѓу стручни лица од различни профили, како услугата на рана интервенција и поддршката на семејството од примарен давател на услугата, односно од едно стручно лице кое може најдобро да ги пресретне потребите на детето и неговото семејство.
Ваквите центри треба да создадат услови за рана интервенција и рехабилитација на последиците со што ќе се создадат поволни услови за елиминирање или надминување на последиците по здравјето на децата во подоцнежната возраст. Веруваме дека на овој начин, даваме допринос конкретно да му овозможиме на секое дете да се развие правилно, да има рана интервенција при рано дијагностицирани нарушувања во развојот, да ги спречува или ублажи пречките и да им се обезбеди психо-социјална поддршка на неговите родители, како легитимно право на секое хумано општество.
Аутизмот или аутистичниот спектар на нарушувања (autism spectrum disorderѕ, ASD), претставуваат широк спектар на состојби кои се карактеризираат со предизвици во социјалните интеракции, говорот и невербалната комуникација, како и повторувачки однесувања. Иако аутизмот, како термин е дефиниран пред повеќе од 50 години, веројатно оваа состојба била дел од човечката состојба низ историјата.
Како термин, Аутизмот е дефиниран пред повеќе од 50 години а веројатно и многу повеќе од тоа. Статистиката вели дека аутизмот се појавува на 5 од 10.000 деца, но за жал последните истражувања покажуваат дека преваленцата е уште повисока (91 на 10.000), а кај машките деца се појавува четири пати повеќе отколку кај женските а покрај тоа многу луѓе со поблага форма на аутистичен спектар можат да живеат без дијагноза. Поставувањето на дијагнозата на аутизмот може да одземе доста време поради комплицираната природа на аутистичната состојба. Во таа смисла раната дијагноза е од голема корист и овозможува да се превземе соодветна активност.
Здравствениот систем на РСМ е основниот систем кој е од примарно значење за добробитот на децата со попреченост во што секако припаѓаат децата со Аутизмот или аутистичниот спектар на нарушувања. Министерството за здравство во изминатите неколку години редовно ги спроведува, одржува и унапредува општите и посебни мерки и активности од делот на Програмата на Владата на РСМ со кои се овозможува на лицата со попреченост да ги користат истите права со останатите граѓани во државата и особено на исполнувањето на правата кои се однесуваат на исполнување на правата пропишани со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.
Министерството за здравство од самите почетоци на идејата, активно се вклучи во интерсекторскиот проект за подготовка на новиот модел на функционалната проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете или младинец, базиран на Меѓународната Класификација на Функционалности (МКФ) како значајна реформа базирана на светските текови за давање на потполна поддршка на најмладата популација во општеството подготвен од Светската здравствена организација, со активна поддршка при спроведување од организацијата на УНИЦЕФ во земјава.
Во овој поглед, започнувањето со работа на новата Служба за функционална проценка на деца и млади во рамките на Службата за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ при Здравствениот дом- Скопје е доказ дека националната здравствена политика ја призна важноста на ваквите глобални напори.