Инспекциските служби се борат со прекршителите на законите со далеку помал број вработени од предвидените со систематизацијата. Има инспекторати со пополнетост која е под 50 отсто од предвидената бројка. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска – Грашкоска во интервјуто за #ResPublica најавува промени во Законот за инспекциски надзор, особено во справувањето со дивоградбите.